БизнисТехнологија

Објавен просечен коефициент на интелигенција за секоја земја, еве како рангираме

Се чини дека просечниот коефициент на интелигенција е генерално повисок во Источна Азија

Просечните резултати на коефициентот на интелигенција за секоја земја беа ажурирани на 1 јануари 2024 година, а оваа студија се заснова на тестирање на 1.691.740 луѓе ширум светот кои го направиле истиот тест на веб-страницата на Меѓународниот тест за интелигенција во 2023 година.

Се чини дека просечниот коефициент на интелигенција е генерално повисок во Источна Азија. Близу е до просекот во Европа, Западна Азија, Океанија, Северна Америка и Северна Африка, а под просекот во Централна и Јужна Африка и Латинска Америка.

Веродостојност на резултатите: Сите учесници го завршија истиот тест за интелигенција на оваа веб-страница во 2023 година, а во 80% од земјите резултатите на коефициентот на интелигенција беа слични (разлика <2 поени) со оние од претходната година.

Прва на листата е Јужна Кореја, каде што просечниот коефициент на интелигенција е 107,54, потоа Кина со 106,99 и Иран со 106,84. Додека последна на листата е Габон со 86,09

Еве ги земјите од нашиот регион:

Најдобро пласирана е Словенија, на 9-то место, со просечен коефициент на интелигенција од 102,31.

Србија е на 25 место, со просечен коефициент на интелигенција од 100,66.

Хрватска е на 36 место со 99,73.

БиХ е на 37-та позиција, со коефициент на интелигенција 99,57.

Црна Гора се најде на 41 место со IQ 99,34

Додека Македонија се наоѓа на  49-та  позиција со IQ од 98,83

Резултатите се прикажани за 115 држави.