Технологија

Оделото од  филмот „Dune“ ги инспирираше научниците: Дизајнираа вселенски костум што ја претвора урината во вода за пиење

Астронаутите моментално имаат само еден литар вода во нивните заштитни одела, што е недоволно за подолги лунарни експедиции

Инспирирани од заштитните одела од серијата на научно-фантастични филмови „Dune“, научниците дизајнирале скафандер кој ја собира урината, ја чисти и ја претвора во вода за пиење за само пет минути. Креаторите на вселенскиот костум се надеваат дека тој ќе биде во употреба до крајот на деценијата во програмата Артемис на американската вселенска агенција НАСА.

– Дизајнот е таков што имаме надворешен вакуумски катетер кој води до комбинирана единица за осмоза, која овозможува континуирано снабдување со вода за пиење преку неколку заштитни механизми кои обезбедуваат благосостојба на астронаутите – рече Софија Етлин, истражувач од Универзитетот Корнел. и ко-дизајнер на скафандерот, на Гардијан.

НАСА се подготвува за мисијата Artemis III во 2026 година и за слетување луѓе на лунарниот јужен пол, а има амбиции да испрати астронаути на Марс во следната деценија. Урината и потта рутински се рециклираат на Меѓународната вселенска станица, но Етлинова вели дека е потребен сличен систем додека астронаутите се на експедиции.

– Астронаутите моментално имаат само литар вода во скафандерите. Тоа не е доволно за подолги прошетки по површината на Месечината, кои би можеле да траат од 10, па дури и до 24 часа во случај на потреба – рече Етлинова.