Технологија

Холандија забрани телефони во училиштата

Мобилни телефони, паметни часовници и таблети се забранети за учениците од основните и средните училишта во Холандија.

Во понеделникот Холандија ја забрани употребата на паметни уреди за време на училишните часови. Од јануари технологијата е забранета во средните училишта, а сега оваа одредба е проширена и во основните училишта.

Причината за забраната се зголемените докази за штетното влијание од користењето паметни уреди за време на часовите.

Слични теми се појавија во Грција и Италија а неодамна, Австралија одлучи законски да го забрани користењето на социјалните мрежи од страна на малолетници.

Употребата на паметни телефони и часовници во училиштата е предмет на дебата во Холандија веќе извесно време. Официјалните лица прво предложија училиштата да донесуваат индивидуални одлуки во врска со употребата на паметни уреди. Сепак, родителите побараа целосна забрана за нивната употреба.

Грција и Италија ги забранија мобилните телефони во училиштата, додека Германија планира да го стори истото.