Технологија

OpenAI повлекува еден од гласовите од ChatGPT поради невероватна причина – Гласот на вештачката интелигенција премногу звучи како позната актерка!

OpenAI поввлекува еден од гласовите на Chat GPT бидејќи премногу наликува на гласот на Скарлет Јохансон.

Калифорнискиот девелопер на вештачка интелигенција Open AI рече дека ќе повлече еден од петте гласови што ги користи аудио верзијата на нејзиниот модел со вештачка интелигенција “ChatGPT”, откако корисниците пријавија дека премногу личи на гласот на холивудската актерка Скарлет Јохансон.

Open AI забележа на својот блог дека гласот на Skye доаѓа од друга анонимна актерка и не е избрана да биде „имитација“ на гласот на Скарлет Јохансон,

Според компанијата, гласовниот режим е една од најпопуларните карактеристики на моделот со вештачка интелигенција Chat GPT, а компанијата преку внимателен петмесечен процес на селекција ги избра гласовите на актерите по име Breeze, Cove, Ember, Juniper. и Скај.

Да се потсетимена холивудскиот филм „Her“ од 2013 година за човек кој се вљубува во систем на вештачка интелигенција, каде Скарлет Јохансон, поточно нејзиниот глас, се појавува во една од главните улоги. Дејството на филмот се случува во 2025 година.