Хороскоп

Крајот на јули за овие два знаци ќе биде катастрофален, подгответе се

Познатиот руски астролог Тамара Глоба открива дека овие два хороскопски знаци до крајот на јули ќе го променат животот од корен.

Два хороскопски знаци кои, според мислењето на Тамара, кон крајот на јули ќе ги преиспитаат своите односи и секојдневни рутини се Близнаци и Јарец.

Близнаци

Близнаците треба да пронадат рамнотежа меѓу работата и одморот за го сочуваат своето здравје. Иако се познати по својата ефикасност, понекогаш ги занемеруваат ризиците поврзани со пренатрупаните обврски.

Се советуваат да не преземаат премногу обврски и да бидат внимателни при помагањето на другите, бидејќи некои може да се обидат да го искористат нивниот ентузијазам и подготвеноста за помош.

Во текот на овој период Близнаците ќе може да препознаат кои им се вистински пријатели, а кои ги користат само за свои интереси.

Јарец

Јарците би требало да обратат посебно внимание на своето здравје во овој период. Глоба предупредува дека интензивниот стрес и нервна тензија би можела сериозна да влијае на кардиоваскуларниот систем на овој знак..

За да избегнат потенцијални здравствени проблеми, Јарците се советуваат да побараат помош од експерт или да пронајдат време за одмор.

Прекумерната работа и постојаната комуникација со другите може да доведе до преоптоварување, па важно е Јарците да научат да ги балансираат својот професионален и приватен живот.

Советот е да применат техники на опуштање, како што е длабоко дишење, за да се намали страсот и да се подобри општата состојба.