Хороскоп

Луѓето родени во овие хороскопски знаци се најдобри лажливци, тешко да знаете да ли ја зборуваат вистината

Секој од нас некогаш излажал, без разлика дали сме сакале да се заштитиме себеси или другите. Сепак, некои лаги можеме веднаш да ги препознаеме, додека други не. Тоа зависи од нашата умешност да препознаеме лажливци, како и од личноста со која разговараме, а можеби тука игра улога и астрологијата. Луѓето родени во овие хороскопски знаци се најдобри лажливци.

Близнаци

Близнаците, познати по својата двојна природа, се вистински мајстори за измама. Со нив никогаш не знаете каде стоите затоа што умеат да водат два паралелни разговори во исто време и да ве убедат во две сосема различни вистини. Нивните извонредни комуникациски вештини ги прават убедливи лажливци.

Вага

Вагите се вистински дипломати на зодијакот. Нивната природна желба за хармонија и избегнување конфликт често ги наведува на лажење, за да го задржат мирот. Ќе ви кажат дека изгледате прекрасно во тој фустан, дури и ако тоа не го мислат. Но, кој би можел да ги обвини? Нивната симпатичност и шарм ги освојуваат срцата, па често им простуваме за тие мали лаги.

Риби

Рибите, сонувачите на зодијакот, имаат тенденција да ја разубавуваат вистината за да ја избегнат суровата реалност. Нивните лаги често се невини, речиси благородни. Ако една Риба ви каже дека останала на работа поради премногу работа, а всушност плачеле на тажен филм, тоа е само нивен начин да избегаат од реалноста. Нивната имагинација е толку богата што понекогаш дури и не знаат каде завршува вистината, а каде започнува фикцијата.