Хороскоп

Овие 4 знаци се најеротичните љубовници

Сега веќе не треба да го чекате моментот кога ќе легнете за да дознаете дали вашиот маж е оган во кревет. Доволно е да дознаете кога е роден и ѕвездите ќе ви кажат како ќе го поминувате времето во неговите прегратки.

Во овој случај, титулата „најдобар љубовник“ ја носат дури четири знаци, бидејќи сите го заслужуваат тоа. Сепак, еден посебно се издвојува.

Овен

Овенот има тенденција да ја користи својата сексуална енергија премногу ненадејно и нема долго да размислува за впечатокот што го остава врз вас. Тој важи за еден од најдобрите љубовници меѓу хороскопските знаци. Освен што има одлично познавање на анатомијата, тој лесно може да ги забележи и ерогените зони на својот партнер. Подготвен е на се, ништо не му е туѓо. Секогаш е отворен да биде одлучувачки во клучните моменти. Сите пози му се омилени.

Водолија

Водолиите поседуваат голема интелектуална ароганција и тоа одбива многумина од нивната инаку многу привлечна надворешност. Тој е ексцентричен и кога е љубовта во прашање. Водолиите имаат поинаков и многу специфичен вкус при изборот на партнер. Понекогаш и самите не се сигурни што ги привлекувало кај некоја девојка. Тој е совршен љубовник и многу ужива во сексуалните игри. Дури и кога е сам, не се откажува од сексуалните односи.

Риба

Рибите се многу одговорни. Неверството не им е “туѓо”, но никогаш нема да го запостават своето семејство. Тие припаѓаат во група на многу нежни и посакувани љубовници. Велат дека жената која не била во врска со маж Риби не знае што е вистински секс, иако во сексот најмногу уживаат кога вистински сакаат некого. Тие можат да бидат многу каприциозни и жешки кога најмалку очекувате.

Скорпија

Сепак, победник е Скорпијата. Скорпијата ја симболизира сексуалноста, еротиката и сите манифестации на телесна љубов. Дури и античката астрологија му го даде почесното место како најдобар љубовник. Ретки се мажите Скорпија кои ги дале сите свои емоции на една жена. Во неговиот живот секогаш има барем две во исто време. Мора да се помирите со тоа доколку сте се заљубиле во него, што не е тешко со оглед на неговиот продорен поглед и сексипилноста со која едноставно зрачи. Кога ќе најде партнер кој му одговара во се, тој е многу верен и лојален.