Хороскоп

„Океј, можам и сама“: „Ова се трите најнезависни хороскопски знаци“

Независноста е една од највредните карактеристики, особено кога зборуваме за жените. Во тој контекст, независноста се изедначува со женската сила, и најмногу доаѓа до израз кога жената ги зема работите во свои раце и – сама го поправа автомобилот или машината за перење, кога гласно зборува своето мислење, има цврсти ставови и не ги следи слепо наметнатите општествени правила.

Астрологијата вели дека некои жени се понезависни од другите, и во продолжение проверете дали и вие се наоѓате на списокот на трите најнезависни жени меѓу хороскопските знаци.

Водолија


Жената Водолија секогаш маршира во ритамот на својот сопствен инструмент.
Водолиите ја ценат својата слобода, ја истакнуваат својата независност и ретко кога постапуваат на кој било друг начин освен на тој што им одговара. Жената Водолија никогаш не се чувствува ограничена со нормите, правилата или очекувањата на околината, таа ги крои свои правила. Истовремено, не ги наметнува на другите луѓе, туку со почит ги прифаќа туѓите мислења. Подготвена е да даде конструктивна критика и секогаш е тука да помогне кога некому му е потребна помош.

Водолијата има силно чувство за социјална правда. Имаат отворен ум и постојано учат нови работи. Секогаш се издвојуваат во групата, сакаат да привлечат внимание, а блиските луѓе често ги критикуваат дека се премногу бунтовни, непредвидливи и тврдоглави.

Стрелец


Втората најнезависна жена меѓу хороскопските знаци е жената Стрелец. Овие храбри шармерки често ќе ги слушнете како велат остави ме, можам сама, што понекогаш може да ги иритира другите луѓе, посебно блиските кои можат да забележат дека таа се мачи и дека и е потребно помош, но таа едноставно нема да го признае тоа. Жените родени во овој знак луѓето ги препознаваат како ловци на вистина и како дежурни – адвокатки.

Независноста им е многу важна, а најлошо се чувствуваат кога треба да се оправдуваат пред другите луѓе. Полудуваат на прашањето каде биле и што правеле и сакаат интимните работи да ги чуваат само за себе. Сепак, во главата можеби се најмногу разгранетиот знак, што најмногу доаѓа до израз кога ќе се упатат во пространствата на својата глава и кога ќе започне – размислувањето.

Јарец


Жените јарци се амбициозни, одлучни и дисциплинирани, па така тие се најдоа на списокот на трите најнезависни жени меѓу хороскопските знаци. Тие се грациозни и изразито отпорни, а многумина ќе речат дека се вистински пример за женска сила. Ништо не ги боли, секогаш сè можат сами, а кога маж ќе им понуди помош – само ќе се слатко насмеат и ќе речат благодарам, но не треба.

Тие никогаш нема да го повикаат партнерот, таткото, пријателот или братот да им поправат нешто во домот, туку ќе научат сами како да го направат тоа, па макар седеле часови пред YouTube и гледале разни туторијали. Дури и ако им се потребни години за да ги остварат своите цели – жените родени во овој знак стрпливо ќе го чекаат своето време.