Храна и Здравје

Ако ве каснат овие инсекти, еве што морате да направите: Само така ќе се намали отокот и ќе престане болката!

И луѓето и инсектите „лудуваат“ на висока топлина, а бројот на каснувања од разни бубачки драстично се зголемува

Иако каснувањата од разни инсекти се иритирачки, понекогаш болни и секогаш непријатни, тоа не значи дека веднаш треба да паничите. Од друга страна, не смеете да ги игнорирате потенцијалните последици, изјави за “The Sun” фармацевтската инспекторка Клер Невинсон.

Пчели, оси и стршлени

Иако каснувањата на овие инсекти дејствуваат слично, сепак, тие се третираат различно, во зависност од тоа дали убодот останува во кожата или не.

– Каснувањето од оса е ненадејно и многу болно. Потоа се појавува оток и се појавува црвен белег на кожата. Покрај болката, овие каснувања се иритирачки и чешаат, а тоа обично трае неколку часа. Слични последици има и каснувањето од пчела, а ако убодот остане во кожата, треба да се извади што е можно поскоро. Во случај на оток се препорачува нанесување мраз. Исто така, ако е можно, обидете се да го подигнете местото на каснување што е можно повеќе, така ќе го намалите отокот – вели Клер.

Комарец

– Каснувањата од комарци се непријатни и чешаат, а она за што треба да се грижите е дека комарците во одредени делови од светот пренесуваат опасни болести како маларија и денга грозница. Обидете се да ги покриете чувствителните делови од вашето тело во периодите од денот кога комарците се најактивни, наутро и навечер, советува Клер.

Крлеж

– Каснувањето од крлеж обично не е болно, но понекогаш може да предизвика алергиска реакција, како и да пренесе Лајмска болест. Ако ве касне крлеж, мора да го отстраните што е можно поскоро, внимавајќи да не го оштетите. После тоа, местото на каснувањето измијте го со сапун и вода, а потоа нанесете антисептичка крема околу каснувањето – објаснува Клер.

Коњски муви

Каснувањето од коњски муви може да биде многу непријатно.

– Каснувањето може да биде болно, и да предизвика црвен осип на кожата, слабост и несвестица. Местото на каснување обично брзо отекува. Во некои случаи, закрепнувањето од каснување може да потрае неколку дена, особено ако се појави инфекција. Ако мислите дека каснувањето се заразило, кое обично е придружено со силна болка и црвенило, веднаш треба да побарате лекарска помош – заклучила Клер Невинсон.