Храна и Здравје

Алтернатива за биопсија за неколку секунди: Австралиски научник разви нов тест за скрининг на рак

Австралиски истражувач по геномика разви нов тест за скрининг за рак кој трае неколку секунди и може да спаси илјадници животи, објавија локалните медиуми во неделата, пренесува Анадолија.

Стефан Мази, кој го разви “DermR Patch” со тим од четворица, рече дека еден ден може да биде алтернатива на биопсијата, која е најчестиот метод за дијагностицирање на рак на кожата, пренесува “SBS News”.

Првата технологија од ваков вид ја користи моќта на микроиглите да идентификува канцерогени лезии. Процесот е безболен и брз.

„Микроиглите се помали од еден милиметар и продираат околу милиметар во кожата, собирајќи микро количина ткиво“, објасни Мази.

Првите клинички испитувања се одржаа во мај во регионот Пилбара во Западна Австралија.

Иако сè уште се чекаат конечните резултати, Мази рече дека раните резултати изгледаат ветувачки.