Храна и Здравје

Гордон Ремзи ја откри тајната на неговата виталност

Иако многумина се опуштаат со годините, светско позатиот готвач, Гордон Ремзи не е еден од нив. Секоја година тој влегува во најмалку два екстремни фитнес настани, било да е тоа маратон или “Ironman”.

Ремзи дури стана и најновата насловна ѕвезда на списанието Men’s Health.

„Би можел да седнам, да ги подигнам нозете, да купам брод и да одам на Карибите, но тоа не ме интересира. Ми се допаѓа опасноста… И можам да го направам тоа затоа што сум фит! Кога веќе нема да можам, ќе ја закачам капата на колче“, рече тој во интервјуто за споменатото списание.

Се разбира, да се биде во форма не е лесно. Освен што е физички активен, Ремзи внимава и што јаде. Неговото дневно мени се состои од неколку помали оброци.

Наутро пие протеински шејк, за ручек јаде пржени јајца, а за вечера пилешко или риба.
„Никогаш не јадам голем оброк. После тоа сум летаргичен“, објасни тој.

Познатиот готвач исто така истакна дека тренинзите го опуштаат.