Храна и Здравје

Го намалува холестеролот, го регулира крвниот притисок: Зеленчукот што го “поправа” тоа што се “расипало” во организмот

Докторите цвеклото често го препорачуваат на анемичните луѓе за јакнење на нивното тело.

Цвеклото е исклучително корисна намирница која на телото му дава сила и свежина. Поседува голема количина витамин Ц, каротен, витамин Б1 и Б2, како и минерали: калиум, натриум, калциум, фосфор, железо, јод.

Доколку сте вегетаријанец, тогаш цвеклото е идеално за вашата исхрана затоа што содржи и кобалт којшто учествува во создавањето на витамини Б12 кои вегетаријанците не ги внесуваат во доволни количини.

Иако не е претерано богато со железо, често се препорачува за анемични луѓе затоа што ги штити црвените крвни зрнца и ја зголемува еластичноста на крвните садови, што поттикнува подобро пумпање на крвта

Цвеклото е идеално за регулирање на крвниот притисок и намалување на холестеролот.

Бабин рецепт за јакнење на телото

Изрендајте едно свежо цвекло со средна големина, морков и слатко јаболко. Во нив додадете една лажица мед и сок од еден лимон.

Добиената смеса изедете ја во текот на денот. Ова е идеална храна и против малаксаност.