Храна и Здравје

Дали медот е поздрав од шекерот?

Британскиот лекар Тим Спектор од Кралскиот колеџ во Лондон објасни зошто замената на шеќерот со мед нема значително да влијае на здравјето на забите и на нивото на гликоза во крвта, пишува Дејли Мејл.

Според него, шеќерот не треба да се замени со мед.

Лекарот објасни дека единствената разлика помеѓу различните видови шеќер, мед и јаворов сируп е цената.

Овие производи генерално се сметаат за безбедна алтернатива на белиот шеќер, но тие не помагаат во заштитата на забите од шуплини или спречување на дијабетес.

Спектор нагласува дека молекулата на шеќер е идентична и во обичниот шеќер и во медот. Секој од нив може да предизвика скокови во гликозата во крвта.

Зголемувањето на концентрацијата на гликоза во крвта е нормално после јадење, но драстичните флуктуации на нивото го зголемуваат ризикот од дијабетес и болести на срцето и кардиоваскуларниот систем.

Лекарот додаде дека висококвалитетниот мед помага при кашлица, но умерената употреба на шеќер не е „штетна“.

Мажите не треба да консумираат повеќе од 36 грама додаден шеќер дневно, а жените не повеќе од 25 грама додаден шеќер дневно.

Најпознати природни шеќери се сахароза, гликоза, фруктоза, лактоза и малтоза.