Храна и Здравје

Диететичарка ги открива двете најдобри намирници за забрзување на метаболизмот

Во последно време многу се зборува за ферментираната храна во последно и нејзините неверојатни здравствени придобивки, особено кога станува збор за зајакнување на метаболизмот и помагање при слабеење.

Додавањето на овие намирници во нашата исхрана навистина може да го подобри нашето варење и начинот на кој нашето тело ги апсорбира хранливите материи. Диететичарката Мишел Саари ја откри најдобрата ферментирана храна која може да ни помогне да изгубиме неколку килограми побрзо и да го зајакнеме метаболизмот.

Јогурт

Јогуртот е богат со пробиотици, корисни бактерии кои промовираат здрав цревен микробиом. Урамнотежениот микробиом на цревата може да го подобри варењето, апсорпцијата на хранливи материи и да го поддржи метаболичкото здравје, а сето тоа може да придонесе за губење на тежината.

“Јогуртот е одличен извор на пробиотици. Исто така е богат со протеини, кои придонесуваат за чувството на ситост. Покрај тоа, јогуртот обезбедува калциум, кој е неопходен за здравјето на коските и е поврзан со подобрување на дигестивното здравје и намалува ризик од дијабетес тип 2. “, изјави Саари за SheFinds.

Кефир

Кефирот е полн со пробиотици кои помагаат да се одржи здравјето на цревата и да се подобри варењето. Покрај тоа, високата содржина на протеини во кефирот дава чувство на ситост, а неговите витамини и минерали го поддржуваат метаболичкото здравје. Плус, тој е нискокалоричен, што го прави совршен додаток на нашиот план за слабеење.

„Кефирот е полн со пробиотици кои помагаат да се подобри здравјето на цревата со промовирање на здрава рамнотежа на бактерии во цревниот микробиом. Таа рамнотежа е клучна за побрзо варење и апсорпција на хранливите материи. Кефирот е исто така богат со протеини, поддржувајќи го одржувањето на мускулите и ситоста, што може биде корисен за слабеење“, истакнува Саари.

Вклучувањето на ферментирана храна, како што се јогурт и кефир, во нашата исхрана може да биде едноставен, но ефикасен начин за зајакнување на метаболизмот и поддршка на губење на тежината.