Храна и Здравје

Зависи од тежината и возраста: Еве колку вода треба да внесувате дневно

Конвенционалнато мислење е дека сите ние треба да пиеме осум чаши вода дневно. Но, колку вода да се испие навистина зависи од личноста, иако постојат општи упатства.

На пример, физички активните луѓе или оние кои живеат во потопли средини ќе имаат потреба од поголем внес на вода. Исто така, адекватниот внес на вода зависи од вашиот пол, возраст, дали сте бремени или доите.

Лекарите денеска советуваат мажите да пијат во просек по три литри вода дневно, а жените 2,2 литри.

Кога станува збор за децата, оние на возраст од четири до осум години треба да пијат пет чаши вода дневно. Таа сума се зголемува на седум до осум чаши за деца на возраст од девет до 13 години. За деца на возраст од 14 до 18 години, препорачаниот внес на вода е од осум до 11 чаши.

Бремените и доилките треба да консумираат 10 и 13 чаши вода секој ден.

Исто така, за односот помеѓу водата што ја пиеме и нашата тежина, податоците велат дека на здрав возрасен човек му требаат околу 35 мл вода на килограм телесна тежина дневно. Според општите насоки на научните организации, тоа изгледа вака – на лице со тежина од 50 килограми дневно му требаат 1,7 литри вода, на лице со тежина од 60 килограми 2,1 литри, на лице со тежина од 70 килограми 2,4 литри и на лице со тежина од 80 килограми 2,8 литри.

Тие бројки се разликуваат ако вежбате. Па, да речеме, ако вежбате по половина час дневно, треба да внесете дополнителни 350 мл вода поради потењето.