Храна и Здравје

Колач со 2 состојки идеално за топлите денови! Совршена комбинација која ги буди сетилата и лесно се подготвува

Сезона е на омиленото летно овошје, црвените цреши кои сите сакаме да ги јадеме. Со нив можете да направите сок, слатки, разни деликатеси. Ви носиме фантастичен рецепт за како сами да ги шекердисате црешите дома

Ако сакате шекердисано овошје, можеби ќе сакате да направите и шекердисани лимони и портокали.

Еве како се шекердисаат црешите!

Состојки

450 гр цреши

95 гр шеќер

Припрема

Исцедете ги црешите, за да добиете 40 мл сок. Во мало тенџере ставете ги сокот и шеќерот. Нежно промешајте за да се навлажни целиот шеќер. Гответе на средно-тивок оган со повремено мешање додека не се раствори шеќерот.

Додадете ги црешите и оставете да зоврие. Намалете ја топлината. Се динста, покриено, додека црешите не се збрчкаат малку, од прилика 35-40 минути, нежно мешајќи на секои 10 минути.

Тргнете го од оган и извадете го капакот. Изладете на собна температура. Со решеткана лажица префрлете ги црешите во плех обложен со хартија за печење. Послужете со сладолед или десерт.

Уживајте! Чувајте во херметички сад во фрижидер до 6 месеци.