Храна и Здравје

Ледена торта со боровинки! Идеално летно освежување !

Доколку сакате да се освежите, тогаш можете да направите леден колач со боровинки.

Состојки:

4 замрзнати банани
300 гр мелени бадеми
4 лажици стопено кокосово масло
3 лажици млеко
6 свежи урми
свежи боровинки

Подготовка:

За кора, бадемите сомелете ги во мелница за кафе бидејќи ќе има пофина текстура. Потоа додадете ги урмите, претходно натопени (2-3 минути) во вода и измелени во сецко или блендер.

Додадете го стопеното кокосово масло и сè измешајте и истурете во калапот. За филот, бананите исечкајте ги на прстени и замрзнете ги.

Ставете ги во моќен блендер и додадете малку млеко. Половина од филот прелијте го врз кората. Во втората половина додадете ги боровинките и блендирајте уште минута-две, па прелијте со белиот фил. Украсете ја тортата со цели боровинки.