Храна и Здравје

Летен рецепт: пица тиквички

Тиквичките се многу флексибилна храна со која можете да приготвите одлични летни јадења. Ова овошје можете да го готвите, печете, пржите, на скара. Има многу можности.

Наместо тесто, врз преполовените тиквички ставете класични состојки за пица како домати, сирење и маслинки и сè заедно испечете го во рерна.

Не само што го скративте времето на подготовка на ова јадење, туку и ја намаливте неговата калориска вредност. 100 грама печено тесто за пица може да содржи до 360 калории, додека истото количество тиквички содржи само околу 20 калории.

Состојки за пица од тиквички

4 тиквички со средна големина

200 гр сечкани домати

125 гр сос од домати

125 гр моцарела сирење

3 лажици рендан пармезан

3 лажици сечкани црни маслинки

1 мал кромид

1-2 чешниња лук

сувомеснато (доколку сакате)

маслиново масло

сол и бибер по вкус

свеж босилек