Храна и Здравје

Научниците го поздравија откривањето на „паметниот“ инсулин

Научниците од САД, Австралија и Кина пронајдоа решение кое ја имитира природната реакција на телото на промените во нивото на шеќер во крвта и веднаш реагира во реално време.

Научниците развија „паметен“ инсулин кој реагира на промените во нивото на шеќер во крвта во реално време, што може да направи револуција во третманот на милиони луѓе со дијабетес тип 1 ширум светот.

Пациентите сега треба да си даваат синтетички инсулин до десет пати на ден за да преживеат, пишува Guardian.

Постојаната флуктуација помеѓу високите и ниските нивоа на шеќер во крвта може да резултира со краткорочни, но и долгорочни здравствени проблеми, а борбата да се одржи нивото стабилно влијае и на менталното здравје.

Имитација на природниот одговор на телото

Научниците од САД, Австралија и Кина пронајдоа решение кое ја имитира природната реакција на телото на промените во нивото на шеќер во крвта и веднаш реагира во реално време.

Новиот инсулин кој реагира на гликоза (GRI) станува активен само кога е присутно одредено ниво на шеќер во крвта за да се спречи хипергликемија (висок шеќер во крвта), а потоа повторно станува неактивен кога нивото ќе падне под одредена точка, избегнувајќи хипогликемија (низок шеќер во крвта)

Затоа, според експертите, во иднина пациентите може да имаат потреба од инсулин само еднаш неделно.