ПопуларноХрана и Здравје

Ново истражување тврди – луѓето живеат се подолго! Еве колку ќе изнесува животниот век во 2050-та

Глобалниот животен век ќе се зголеми за речиси пет години до 2050 година, од 73,6 години во 2022 година на 78,2 години во 2050 година, се вели во студијата објавена во англиското списание Лансет.

Медицинското списание наведува дека до 2050 година животниот век на мажите ќе се зголеми за 4,9 години на 76 години, а на жените за 4,3 години до 80,5 години.

Студијата, направена од Институтот за јавно здравје, кој се занимава со глобалната здравствена статистика и се наоѓа на Универзитетот во Вашингтон во Сиетл, САД, посочува дека очекуваниот животен век ќе се зголеми побрзо во регионите кои во моментов имаат релативно низок животен век.

Според тоа истражување, континуираното зголемување на животниот век е последица на мерките за јавно здравје кои доведоа до ефикасно лекување на кардиоваскуларните заболувања, корона и голем број други заразни болести.

Во исто време, научниците нагласуваат дека неинфективните болести во иднина ќе го попречат растот на животниот век повеќе отколку заразните болести, наведувајќи ги како примери кардиоваскуларни болести, рак, хронична опструктивна белодробна болест и дијабетес, објави веб-страницата Медикал прес.

Portrait of happy old man having fun with his friend