Храна и Здравје

Овие навидум безопасни симптоми може да укажуваат на опасна болест

Зголемената жед, честа потреба за мокрење, топли бранови, несоница и грчеви во текот на ноќта се сметаат за симптоми на дијабетес.

Исто така, треба да бидете внимателни ако се појават главоболки и нагло се намали телесната тежина.

Иако точната причина за дијабетес тип 1 е непозната, дијабетесот тип 2 често се поврзува со фактори како што се дебелината и недостатокот на физичка активност, иако се вели дека е наследна.

Раното препознавање на симптомите на дијабетес овозможува брза медицинска интервенција. Иако не постои лек за дијабетес, достапни се третмани за ублажување на симптомите.

Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога телото не може правилно да го регулира нивото на шеќер (гликоза) во крвта. Гликозата е важен извор на енергија за телото, а нивото на гликоза во крвта го контролира хормонот инсулин, кој го произведува панкреасот.

Кај дијабетес, телото или не произведува доволно инсулин или не може ефикасно да го користи инсулинот.