Храна и Здравје

Овој домашен напиток ги чисти цревата и го забрзува метаболизмот

Доколку чувствувате дека цревата ви се „забавиле“, се будите подуени и уморни, овој еликсир е вистинското решение за вас.

За да го подготвите ќе ви требаат само неколку состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата кујна, а тоа се: јаболков оцет, лук, чили, ѓумбир, рен и куркума.

Подготовката на овој напиток е многу едноставен, а по првата употреба ќе забележите промени во однос на повеќе енергија, подобро варење и порамен стомак.

Состојки:
7 dcl јаболков оцет
1/4 чаша ситно сечкан лук
2 ситно сечкани лути пиперки
1/4 чаша рендан ѓумбир
2 лажици рендан рен
2 супени лажици куркума во прав

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки освен јаболков оцет во сад. Потоа префрлете ги во тегла од еден литар и до врвот прелијте ги со јаболков оцет. Покријте и малку протресете сè. Оставете ја теглата на суво и ладно место две недели и повремено протресувајте.

По две недели, исцедете ја течноста од теглата преку чиста газа во цедалка. Добро исцедете ја газата за да го исцедите целиот сок. Овој еликсир не треба да го ставате во фрижидер, а може да трае долго пред да се расипе.

Ставете малку од напитокот во устата, држете го малку во устата, а потоа проголтајте. За најдобар ефект, пијте го без да додавате вода.

Напомена: Овој напиток пијте го само доколку немате здравствени проблеми, во спротивно прво консултирајте се со вашиот лекар.