Храна и Здравје

Овој јаткаст плод прави чуда за вашето срце

Јаткастите плодови се едни од најдобрите извори на протеини и масти за здравјето на срцето.

Тие содржат важни растителни влакна и многу важни микронутриенти кои влијаат на здравјето на овој орган.

Се препорачува да јадете што повеќе јаткасти плодови, но за еден вид од нив се смета дека е најздрав и најдобар за вашето срце.

Диететичарката Изабел Васкез за „Eating Well“ издвоила зошто баш оревите се најдобрите јаткасти плодови кои треба да ги јадете за здравјето на вашето срце.

Богати се со омега 3 масни киселини


Омега 3 маните киселини се вид на повеќекратни незаситени масни киселини кои помагаат при намалувањето на воспаленијата во телото. Како што објаснила диететичарката, оревите од сите јаткасти плодови имаат најмногу омега 3 масни киселини.

Освен што влијаат на намалувањето на воспаленијата, омега 3 масните киселини можат да помогнат во намалување на нивото на триглицериди, што е важно затоа што високото ниво на триглицериди го зголемува ризикот од срцеви болести.

Содржат добар извор на масти, здрави за срцето


Оревите се извор на здрави масти за срцето, истакнува диететичарката. Оревите имаат 13,4 грама полинезаситените масти и 2,5 грама монозаситени масти кои можат да помогнат во намалување на нивото на холестерол и превенција на болести на срцето, објаснува таа. Таа додала и дека нашата исхрана треба да биде што повеќе богата со незаситени масти.

Содржат висок удел на растителни влакна и микронутриенти

Како последна поволност на оревите, диететичарката го истакнала високиот удел на растителни влакна и микронутриенти.

„Растителните влакна се корисни за намалување на нивото на холестерол, баш како и незаситените масни киселини“, истакнува диететичарката.

Редовното консумирање ореви ќе ви помогне да го зголемете внесот на растителните влакна, што ќе има позитивни последици врз целокупното здравје.

„Оревите содржат и антиоксиданти, вклучувајќи фитостероли и полифеноли“, објаснува Васкез.

Таа додава дека антиоксидантите во оревите помагаат да се намали оксидативниот стрес, воспаленијата и крвниот притисок, со што автоматски позитивно се влијае на здравјето на срцето.