ПопуларноХрана и Здравје

Пиела по 4 чаши води секое утро! Еве ги промените што ги искусила

Кога станува збор за утринските навики, има многу совети од експерти. Додека некои препорачуваат чаша вода, други препорачуваат да додадете лимон и мед во неа или прво да имате оброк, а потоа сè друго.

Една жена решила да спроведе експеримент, односно да го проба познатиот јапонски ритуал познат како „терапија со вода“. Таа откри што се случило откако еден месец пиела по четири чаши вода на празен стомак.

“Дојдов до момент во мојот живот кога мислев дека не можам да имам помалку енергија, полоша кожа и коса. Знаев дека телото ми испраќа сигнал дека нешто не е во ред. Морав да направам нешто и така дознав за навиката која била широко распространета кај Јапонките, пиењето вода на празен стомак“, рече таа и додаде:

„Методот налага да пиете четири чаши вода прво наутро на празен стомак. Треба да ги пиете пред да ги измиете забите, а првиот оброк во денот можете да го јадете само 45 минути подоцна. Освен да пиете вода наутро, Јапонците советуваат дека не треба ниту да пиете ниту да јадете најмалку два часа по секој оброк“, рече таа.

Што е таканаречениот јапонски метод, терапија со вода?

Терапијата со вода, како што ја нарекуваат Јапонците, е многу распространета. Се смета за рецепт за долг животен век и е многу едноставнo. Тоа само значи пиење вода на празен стомак.

Јапонците се колнат во него и тврдат дека поволно делува на проблеми со срцето, артритис, регулирање на телесната температура и крвниот притисок, како и одржување на здрава телесна тежина.

Што се случи после еден месец?

По само неколку дена пиење вода на празен стомак, жената ги забележала првите промени. Открила дека нејзиниот метаболизам доста се зголемил и дека веќе не е толку често гладна. Чувствуваше дека има повеќе енергија и нема потреба од старата навика да грицка помеѓу оброците.

Најголемото изненадување било губењето на вишокот килограми. Таа ја искористи оваа промена како мотивација да почне да вежба.

Со оглед на тоа дека внесувала повеќе вода од вообичаено, хидратацијата придонела за подобар изглед на нејзината кожа и коса. Како што опишала, порано нејзините нокти биле многу кршливи и често била болна, но сега овие проблеми исчезнале.