Храна и Здравје

Пијалак кој ги оштетува бубрезите – кога го купуваме не размислуваме за последиците

Истражувањата покажаа дека честото консумирање на вакви пијалаци предизвикува промени во мокрењето.

Веројатно не размислувате за вашите бубрези пред да нарачате пијалак, но би било добра идеја бидејќи одредени пијалаци можат да предизвикаат сериозно оштетување на бубрезите.

Студија од 2015 година покажа дека всушност се работи за неколку пијалаци: сите оние кои се сметаат за газирани пијалаци. Знаеме дека вообичаено не се здрави, но често ги избираме, како освежување во топлите денови и на забави. Сепак, не сме ни свесни што сите тие му прават на телото.

Во студијата, научниците откриле дека консумирањето повеќе од четири слатки газирани пијалаци неделно е поврзано со поголеми шанси за хронично заболување на бубрезите.

Високиот шеќер во крвта ги оштетува крвните садови во бубрезите, па постои ризик од дијабетес.

Затоа, императив е луѓето со дијабетес или хронична бубрежна болест да избегнуваат газирани пијалаци, а оние со семејна историја на овие болести исто така мора да бидат внимателни.

Газираните пијалаци не се проблематични само поради големата количина на шеќер, туку и поради фосфорната киселина.

Истражувањата покажаа дека честото консумирање на вакви пијалаци предизвикува промени во мокрењето, што го поттикнува создавањето на камења во бубрезите, односно хронична бубрежна болест. Ако сакате да пиете газирани пијалаци, вреди да размислите барем да ги ограничите.

А кој пијалак е најдобар за бубрезите? Одговорот веќе го знаете и тој е прилично едноставен – тоа е обична вода.

Тоа е она што најмногу му треба на телото, па затоа треба да биде вашиот прв избор, бидејќи водата е најдобриот начин да ја задоволите жедта, пренесува Nova.rs.