Храна и Здравје

Поцрнети банани се всушност добри за здравјето?

Најчесто кога ќе поцрнат банани низ дома, следна дестинација им е канта за отпадоци. Но истражување од Јапонија укажува дека е грешка да не се консумираат поцрнети банани.

Имено, истржаувањето укажува дека што повеќе црни дамки има бананата, тоа е позрела, и како таква има многу поголем потенцијал во подобрување на имунитетот. Како што кажуваат, зрелата банана содржи TNF (Tumor Necrosis Factor), што е супстанција која се бори против абнормалните клетки.

Јапоницте научници тврдат дека TNF од банани исто така помага и во лекување рак.

Во текот на истражувањето се укажа дека со текот на времето, самото овошје ја менува својата содржина штом стане позрела. Зрелата банана како што знаеме, станува пожолтеникава со потемни дамки и со тоа се зголемуваат антиоксидантите во самата банана.

Освен зголемување на имунитетот, TNF исто така придонесува до зголемен број на бело крвни зрнца, помага со оток, артритис како и многу други заболувања.