ПопуларноХрана и Здравје

Сакате да ги изгубите мастите од стомакот? Практикувајте една навика, вели докторот

Губењето на вишокот маснотии од стомакот може значително да го подобри нашето целокупно здравје.

„Вишокот на стомачни масти обично е предупредувачки знак за премногу висцерални маснотии. Вишокот висцерална маст придонесува за развој и прогресија на болести поврзани со дебелината, како што се дијабетес и висок холестерол“, вели специјалистот за гастроентерологија и медицина за дебелина, д-р. Лорен Донанџело, за Парада.

Различни фактори придонесуваат за количината на маснотии на стомакот, од кои некои (на пример, генетиката) не можеме да ги контролираме. Сепак, навиките и рутините се исто така важни, и за среќа, можеме да се справиме со нив.

Секојдневното пешачење и тренингот за сила се одлични за почеток

„Пациентите кои планираат и се држат до здрави рутини обично се најуспешни во губењето и долгорочното одржување на тежината. Подготовката и конзистентноста се клучни“, додаде гастроентерологот.

Таа истакна едноставна навика која може значително да го намали салото на стомакот – вежбањето.

“Зголемете ја физичката активност. Дневното одење и тренинзите за сила двапати неделно се одлични за почеток”, советува др. Донанџело.

Препораките на Американското здружение за срце (AHA) за физичка активност ја поддржуваат оваа идеја. AHA препорачува најмалку 150 минути аеробна активност со умерен интензитет или 75 минути енергична активност неделно, по можност распоредени во текот на неколку дена. Сепак, AHA наведува дека дури и вежбањето со низок интензитет може да се спротивстави на некои од ефектите на седентарен начин на живот.