ПопуларноХрана и Здравје

Сите го имаме овој напиток во кујната: Ги одзема килограмите, го забрзува метаболизмот, но е лош и за една група луѓе

Јаболковиот оцет е популарен природен лек познат по многубројните здравствени придобивки, особено за слабеење.

Вклучувањето на јаболков оцет во вашата исхрана може да биде ефикасен начин за поддршка на вашите цели за слабеење, велат експертите. Некои истражувања покажуваат дека пиењето мала количина јаболков оцет пред оброк може да помогне да се потисне апетитот, да се намали внесот на калории и да се подобри варењето.

Диететичарот и нутриционист Кетрин Гервасио подетално објасни како јаболковиот оцет може да помогне при губење на масти и килограми.

„Постојат многу начини на кои јаболков оцет помага при губење на тежината. Еден е тоа што го забавува празнењето на желудникот, што може да доведе до чувство на ситост и намален апетит. Друг е поради содржината на оцетна киселина, која може да го зголеми разградувањето на мастите и да го забрза метаболизам“, рече таа за SheFinds.

Иако јаболковиот оцет нуди бројни здравствени придобивки, можеби не е соодветен за секого

Што се однесува до препорачаната доза, важно е да се пие умерено, но клучна е и консултација со лекар, особено за оние со цревни проблеми.
„Општо земено, може да се земе доза од 15 до 30 милилитри јаболков оцет дневно и да се пие 10-15 минути пред јадење за потиснување на апетитот и губење на тежината. Предлагам да започнете со мала доза од 15 милилитри и постепено да ја зголемувате. Според потребата и толеранцијата „За оние со цревни здравствени проблеми, препорачувам да одат на лекар пред да консумираат јаболков оцет“, додава диететичарот.

Така, иако јаболков оцет нуди бројни здравствени придобивки, можеби не е соодветен за секого.