Храна и Здравје

Студија: Една чаша од овој сок помага во намалување на крвниот притисок

Хипертензија, односно високиот крвен притисок, е потенцијално опасна состојба. Ако некое лице има висок крвен притисок, тоа значи дека неговото срце треба да работи понапорно од вообичаено за да пумпа крв. Со текот на времето, ова создава дополнителен притисок врз срцето, крвните садови и другите органи.

Покрај тоа, ако не се лекува, може да има сериозни последици, како што се мозочни и срцеви удари. Познато е дека исхраната е главен фактор што придонесува за хипертензија, а храната богата со сол е еден од главните виновници.

Тоа е затоа што солта му помага на телото да ја задржи водата, зголемувајќи го крвниот притисок. Меѓутоа, она што го јадеме и пиеме може да има спротивен ефект.

Но, според една студија од 2015 година, пијалок направен од коренест зеленчук може да го намали високиот крвен притисок доколку се консумира секојдневно. Тим од Универзитетот “Queen Mary” во Лондон откри дека пиењето сок од цвекло секој ден има значително влијание врз крвниот притисок. Тие откриле дека чаша сок од цвекло од 250 милилитри резултирала со просечно намалување на крвниот притисок за околу 8/4 mmHg.

Многу учесници во студијата видоа дека нивните нивоа на крвен притисок се враќаат на безбеден опсег.

Истражувачите рекоа дека ова е значајно бидејќи се смета дека секое зголемување на крвниот притисок од 2 mmHg ја зголемува веројатноста за смрт од срцеви заболувања за седум проценти, а мозочен удар за десет проценти.

Нитратите кои се наоѓаат во сокот од цвекло го намалуваат систолниот крвен притисок

Придобивките од цвеклото за намалување на крвниот притисок се поврзани со високите нивоа на нитрати во исхраната кои се наоѓаат во ова растение.

Истражувачот и главен автор на студијата, професорката Амрита Ахлувалија, објасни: „Кардиоваскуларните болести, кои можат да предизвикаат срцеви и мозочни удари, и остануваат како водечка причина за смрт во светот. Сепак, за разлика од некои други сериозни болести, ние сме среќни што можеме да направиме одредени промени во животниот стил кои драматично го подобруваат здравјето на нашето срце и крвните садови. Ова истражување покажа дека секојдневното внесување на неоргански нитрати може да биде исто толку ефикасно како и медицинските интервенции за намалување на крвниот притисок, а најдоброто од нив може да го најдете во цвеклото и другиот лиснат зеленчук“.

Ако сте загрижени за вашиот крвен притисок, треба да разговарате со вашиот општ лекар.