Храна и Здравје

Чоколадна торта готова за ПОМАЛКУ од 5 минути: Не се пече, а потребна ви е само една шолја

Малкумина би одолеале на чоколадното уживање. Повеќе не мора да барате од мама или баба да ви го направат омилениот колач, тоа можете сами да го направите за само неколку минути.

Колачите без печење се идеални за подготовка за време на високи температури, ќе избегнете да стоите со часови покрај жежок шпорет. Потребни ви се само неколку состојки кои сите ги имате дома.

Еве како да ја подготвите најсочната и најбрзата чоколадна торта која го освои светот.

Компоненти:

  • 4 лажици брашно
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажици какао во прав
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици масло
  • 1/4 лажичка прашок за пециво
  • 1/4 лажичка екстракт од ванила
  • Еден прст сол
  • Чоколадни коцки или стапчиња


Подготовка:

Подготовката е повеќе од едноставна. Сите состојки се мешаат во длабока шолја и се мешаат со лажица да нема грутчиња. Ставете ја чашата во микробранова печка 4 минути и уживајте во сочното, чоколадно задоволство.