18+

Живот без секс: „Во брак сме 6 години, но не сме биле интимни“

Многу се гушкаме и галиме, но никогаш нема целосен секс. Таа ми рече дека ќе се промени, но никогаш не се промени. Многу ја сакам, но морам да признаам дека сето тоа многу ме фрустрира, вели Британецот.

Јас имам 57, а таа 55. Ја запознав шест месеци откако мојата прва сопруга почина во сообраќајна несреќа. Имавме прекрасен брак, нашиот сексуален живот беше фантастичен и забавен. Мојата сопруга изгледа добро, има фантастична смисла за хумор и златно срце. Но, шест години немаме секс, откако се венчавме. Разбирам дека сега барам и очекувам многу, изјавил човекот анонимно за The Sun.

– Мојата нова сопруга е одлична и знам дека сум среќен што ја имам. Многу се гушкаме и галиме, но никогаш нема целосен секс. Таа ми рече дека ќе се промени, но никогаш не се промени. Многу ја сакам, но морам да признаам дека сето тоа многу ме фрустрира – додаде тој.

Советникот за односи му кажал дека причината за оваа ситуација можеби е психолошка или дека се плаши дека нема да биде добра во кревет како првата сопруга.

– Погрижете се таа да знае дека таа е вашата сегашност и иднина, а не втората најдобра жена. Ако тоа не помогне, ви предлагам заедно да посетите секс терапевт – го советувала таа.

Животот без секс е лош за вашето здравје

Поголем ризик од срцев удар

Сексот е одличен за циркулацијата, а со тоа и за срцето. За време на водење љубов, пулсот се зголемува од приближно 70 во минута на 150. Тоа е како добар тренинг. Некои студии покажуваат дека сексот три пати неделно го намалува ризикот од срцев удар за 50 проценти. Тоа значи дека животот на апстиненција не е добар за вашето срце.

Кожата е погруба и изгледа полошо

Потењето ја чисти кожата, а сексот и помага да биде поеластична и со тоа да изгледа помладо. За време на редовниот секс, жените лачат повеќе естроген, кој е одговорен за реакциите во телото кои даваат посјајна коса и поубава кожа.

Болките се посилни

Сексот може да намали одредена болка дури и неколку пати подобро од апчиња. Имено, нивото на окситоцин во телото се зголемува пет пати во телото кога ќе постигнеме оргазам, а тоа доведува до силно ослободување на ендорфин – т.н. природен опијат кој ја намалува болката при главоболка, артритис …

Имунитетот е сè послаб

Познато е дека сексот го зајакнува имунитетот, а ако го нема, имунолошкиот систем слабее и повеќе сме склони кон разни болести – телото не може добро да се бори со болестите како со редовни интимни врски.

Хормоните не се избалансирани

Одредени хормони се ослободуваат за време и по сексот, така што животот на апстиненција може да доведе до неправилни нивоа на хормони во телото. Во некои случаи, ова води до ненадејно зголемување или губење на тежината. Може да влијае и на наглите промени во расположението, нервозата …

Самодовербата е помала

Недостигот од секс ја уништува самодовербата, а потоа и жените и мажите знаат да се откажат. Тоа пак води до верижна реакција – секс има се помалку.

Може да се развие депресија

Според едно американско истражување, поединците можат да паднат во депресија ако живеат без секс, а шансата за тоа е дури двојно поголема отколку кај луѓето кои редовно водат љубов.