18+

Зошто некои жени постојано привлекуваат лоши мажи? Еве три причини

Некои жени изгледаат како постојано да ги привлекува тип на маж кој всушност не е добар за неа, тоа е всушност комбинација на карактери кои на некој начин се надополнуваат

Некои жени ги привлекуваат нарцисите, кои во основа се еден од најлошите типови на луѓе за врски, љубов и дружење. Често ја уништуваат довербата на блиските, правејќи ги да се чувствуваат лошо, несигурно и како што и да прават да не е доволно добро.

Ако забележите дека овие типови на лоши момци постојано се врзуваат за вас, не е случајно. Имено, се согласува со вашиот карактер – еве како.

Грижлива природа

    Се разбира, нема ништо лошо во тоа да се понуди помош на некој на кој му е потребна. Меѓутоа, ако се поставите себеси како спасител во секоја врска, тоа е нешто сосема друго.

    Доколку сте ја забележале оваа особина кај себе, бидете сигурни дека тоа е причината поради која привлекувате нарциси.

    Овие мажи бараат жени кои се спремни да бидат во сенка и да им дозволат да доминираат, притоа помагајќи им да се истакнат и да добијат почит од другите. Имајте на ум дека нарцисите не знаат што е еднаквост. За нив вашата улога е да бидете „пониски“, во нивна служба.

    Ве привлекува „гламурозниот“ начин на живот

    Не е невообичаено жената да биде заведена од начинот на живот на нарцис. Во повеќето случаи, тој ќе се издвојува од толпата, ќе има интересно друштво и навидум води интересен, исполнет живот за кој многумина можат само да сонуваат.

    Не е изненадување што таквите харизматични личности привлекуваат други и излегуваат дека се нарциси. Размислете, повеќето познати актери и пејачи се карактеризираат како големи нарциси. Меѓутоа, проблемот настанува доколку жената стане зависна од овој начин на живот, поради што не може да ја прекине врската со таков токсичен маж.

    Претерано сте сочувствителни

    Луѓето со силно чувство за емпатија се омилени жртви на нарцисите. Додека наивниот партнер ќе се убеди себеси дека на нарцисот само треба да му се даде уште една шанса да се подобри, нарцисот ќе продолжи со своето однесување.

    Нарцисите се свесни со кого си имаат работа и вешто го кријат своето вистинско лице додека таква сочувствителна личност не биде фатена во нивната мрежа. Бидејќи на таква жена и е тешко да раскине, партнерот ќе и ја одзема енергијата додека не биде целосно уништена.