18+

По 12 години врска мојот поранешен сега е со мојата маќеа: Како тоа да не беше доволно, мораше да долее масло на огнот со ова

Една корисничка на социјалната мрежа TikTok сподели момент од својот живот со своите следбеници. Имено, таа проговори за тоа како нејзиниот поранешен партнер е во врска со нејзината маќеа.

Како што и самата изјавила, нејзината приказна е достојна за контроверзното шоу „Џереми Кајл“, а потоа додала дека со поранешниот раскинала по 12 години врска.

„Ќе ви раскажам приказна за тоа како мојот поранешен сега е во врска со мојата маќеа. Сега ми е смешно. Но тогаш не беше смешно. Минатата година раскинав со мојот партнер по 12 години бидејќи јас бев многу несреќна во врската“, започна таа.

Во моментот кога дознала дека нејзиниот поранешен е во врска, решила малку да го истражи целиот случај, пренесува The Sun.

Таа можела да добие некои информации бидејќи СИМ-картичката на неговиот телефон сè уште била на нејзино име.

„Значи, со право ја проверив „мојата“ сметка и видов дека тој всушност и се јавуваше и и праќаше пораки на мојата маќеа цело време“, продолжи таа.

Како што самата изјавила, сето тоа и предизвикало гнев, а после тоа сознание испратила непријатни пораки до него и до нејзината маќеа.

Четири недели подоцна, тој почнал да живее заедно со нејзината маќеа.

„Ја извади тетоважата од моето име од градите и ја замени со нејзината. Ми го блокираше бројот. Неподносливо е за мојата маќеа, ја убива внатре, дека тој има било каква врска со мене“, заклучува таа.