18+

Со години немале секс, а потоа… Жиголо објаснува што се случува кога жените ќе го најмат

Минимумот што Самуел го наплаќа за своите услуги е околу 600 евра за два часа.

Австралиецот Семјуел Хантер со години работи како професионален жиголо, а како што вели го ангажираат жени од 20 до 70 години.

Минимумот што Самуел го наплаќа за своите услуги е околу 600 евра за два часа.

– Некои од дамите кои ме ангажираат не воделе љубов 20 години. Мојата работа е многу повеќе од интимна врска. Поголемиот дел од времето го поминуваме во запознавање и разговор, а водењето љубов е само еден од сегментите на деловниот однос. Се сеќавам, кога само што почнував, ме најми една жена која плаќаше услуга од пет часа. Мислев дека прво ќе вечераме, ќе се запознаеме и ќе воспоставиме подлабока врска, но таа веднаш се соблече и ме одвлече во кревет. Доволно е да се каже дека таа максимално ги искористи сите пет часа. Додуша, сега тешко би можел да повторам таков состанок – вели Хантер.

Тој забележува дека работата на жиголо е придружена со многу помалку предрасуди отколку што е случајот со проститутките.

– Истиот маж кој ќе ми честита за работата што ја работам, ќе ги понижува и навредува жените кои се занимаваат со оваа професија – вели Самуел, кој решил да го промени и животот и работата, откако едвај останал во живот откако паднал од мотор.

– Два месеци бев во болница, но тоа беше само почеток. Поради сериозни компликации имав дури 20 операции во следните 18 месеци. Додека шетав со патерици не се сожалив, бидејќи околу мене имаше луѓе во многу полоша состојба – вели Хантер и додава:

– Многу од моите клиенти имаат некаква форма на попреченост. Една жена, која обично има хронични болки, ме замоли да направам садо-мазо сесија! Таа ми рече дека сака болка што може да ја контролира. Повеќето жени кои ги користат моите услуги се на возраст од 50 до 70 години, но имам ангажирано и жени во дваесеттите години.