18+

Токсични хемикалии во кондомите и лубрикантите поврзани со сериозни болести

Утврдено е дека некои кондоми и лубриканти содржат високи нивоа на токсични хемикалии PFAS кои можат да имаат многу штетни здравствени ефекти.

Тестирањето од страна на организацијата Mamavation откри високи нивоа на PFAS во производите.

PFAS не се деградираат, туку се акумулираат. Тие се врзуваат за протеините и се наоѓаат во крвта, црниот дроб и бубрезите. Бидејќи тие не се распаѓаат, нивните нивоа може да се зголемат со текот на времето со повторена изложеност.

Тие се користат за да се направат производите водоотпорни и отпорни на топлина, пишува Guardian.

Некои студии покажаа дека одредени PFAS може да го зголемат ризикот од рак на бубрезите и тестисите. Експертите исто така велат дека хемикалиите кои се наоѓаат во некои кондоми и лубриканти може да го попречат репродуктивното здравје.

Изложеноста на PFAS е поврзана со супресија на имунолошкиот систем, што го отежнува телото да се бори против инфекции.

PFAS, исто така, може да ги наруши хормоналните процеси и потенцијално да доведе до репродуктивни проблеми, болести на тироидната жлезда и развојни проблеми кај децата, според Mirror.

„Бидејќи кондомите се изложени на најчувствителните делови од човечкото тело и за мажите и за жените, силно би препорачала индустријата веднаш да ги идентификува и отстрани овие хемикалии“, рече Линда Бимбаум, научен советник за Mamavation.

PFAS се група на вештачки хемикалии кои се користат во различни индустрии ширум светот од 1940-тите. Овие хемикалии се вообичаени во производи како што се нелепливи садови, водоотпорна облека, ткаенини отпорни на дамки, пени за гаснење пожар и пакување храна.