18+

(ФОТО/ВИДЕО) „Не носам гаќички и градник, дури ни кога сум облечена“: Нудистка поради работата ги изгубила своите пријатели, а вели дека ја сака оваа работа

„Родени сме голи, тоа е нешто сосема природно, но не убедија дека нашите голи тела се само за секс, поради што луѓето носат облека“, изјави Американката Стеф Син (31).

Оваа горда нудистка вели дека поради начинот на живот изгубила неколку пријатели, но дека нема да се откаже од својот избор.

„Пораснав во прилично слободоумно семејство. Се сеќавам дека како дете често играв гола и не се срамев поради тоа. Но, тоа се промени кога влегов во пубертет“, вели Стеф, која денес работи како инструктор по јога.

Рекла и дека често им држи часови по гола јога на другите.

„На почетокот моите родители беа скептични. Но, најмногу беа загрижени за мојата безбедност и за тоа како оваа одлука може да влијае на мојата иднина. За среќа, ја имам нивната поддршка, тие разбираат колку тоа ме охрабрува“, додава Стеф, пренесува „Mirror“.

Иако нудизмот за неа е нешто сосема нормално и природно, во нејзиниот живот имало луѓе кои не можеле да го прифатат тој избор.

„Изгубив неколку пријателства со луѓе кои не можеа да се согласат со мојот избор. Беше болно, но потоа сфаќаш кој треба да биде во твојот живот, а кој не“, вели Стеф и додава:

„Обожавам да бидам гола и да ги учам другите како да уживаат. Ако тоа беше општествено прифатливо, ќе бев гола цело време. Дури и кога носам облека, не носам гаќички и градник“, заклучила Стеф.