18+

Шест причини зошто мажот одеднаш одбива да има секс со вас

Покрај можноста да има некој друг на страна, постојат и други причини зошто мажот нема да сака да биде интимен.

Ако мажот може да има односи, генерално нема да одбие да го направи тоа со својата партнерка. Тогаш зошто дечко ти те избегнува?

Може да има неколку причини:

Има нешто друго во вашата врска што го прави многу несреќен

    Затоа избегнува да го прави тоа со вас. Иако ова е почесто кај жените отколку кај мажите, сепак има некои мажи кои нема да сакаат да „преземат нешто“ доколку се чувствуваат отуѓено или лути.

    Сте се промениле на некој голем начин, или физички или во вашиот став

      Тој е незадоволен или се осеќа непријатно од промената која што сте ја направиле.

      Има анксиозност кон „акција“.

        Тоа е поради нешто што сè уште не ви открил. Кога мажите се возбудуваат, крвта тече на сите вистински делови за да може да скокне во „акција“, но понекогаш работите може да тргнат наопаку.

        Според списанието Healthline, некои причини за ова може да вклучуваат злоупотреба на супстанции, одредени лекови или само старост. Но, не грижете се, има работи што можете да ги направите за да помогнете, како нови пози, поздраво јадење и фокусирање на предиграта.

        Го „добива“ тоа на друго место

          Ако е таков случајот, можеби не му треба или не го сака тоа од вас.

          Чувствува дека интимноста со вас е неадекватна

            Вообичаено не е ткаов случајот, бидејќи за повеќето мажи секоја интимност, па дури и лоша, е подобра од немање интимност, но тоа навистина се случува.

            Ги преиспитува своите преференци

              Можеби му е тешко да ја разбере својата ориентација и не знае како да разговара за тоа со вас.

              Секое од горенаведеното може да биде причина за неговото избегнување физичка интимност со вас.

              Обидете се да преземете иницијатива и да го заведете, па видете како ќе реагира. Кажете му дека сакате да му угодите и замолете го да ви каже што е можно посликовито за да можете да го направите тоа. Потоа следете ги неговите упатства во детали.