18+

4 фрази кои ги кажува само маж кој има друга

Дали има друга? Зошто се смени? Дали тој сè уште ме сака? Ваквите мисли се провлекуваат низ главата на жената која чувствува дека нешто не е во ред со нејзиниот партнер.

Секако, женската интуиција ретко ја мами, особено кога ќе слушне одредени фрази од партнерот, а тие најчесто алармираат и будат сомнеж во неговата верност.

Денеска ќе доцнам, имам итен состанок

Почна да доаѓа дома многу подоцна од вообичаено. Често има итни состаноци, па многу работа, некој добил отказ па морал да остане … Кога ќе поставите едноставно прашање како му поминал денот, добивате тривијален одговор: „Се е во ред“, а по вечерата тој молчи, зјапа во компјутерот.

Нема да можам да го поминам викендот со тебе, мајка ми би ја однел на село

Ако не живеете заедно, но секогаш сте ги поминувале викендите заедно, шетајќи и гледајќи филмови, ова звучи како аларм. Порано се радуваше на викендите. Дури и кога имал работа, те земал со себе, само за да биде со тебе, а сега сака да поминува време со мама во село.

Платив за тренинг во теретана, сакам да изгледам убаво

Порано не се грижеше што јаде, но сега се е поинаку. Готви пилешки гради, вежба и постојано се гледа во огледало. Очигледно е дека вашиот маж се обидува да изгледа подобро. Прашањето е – за кого?

Многу сум уморен од работа, не денес

До неодамна сакаше во секој момент интимни моменти со вас, а сега сексот е сè помалку во вашиот живот. Наместо убави зборови – одеднаш добивате: „Уморен сум, не денес“.

Да, женската интуиција е исклучително точна, но пред да одлучите да раскинете со саканата личност – проверете дали сте во право.