18+

Нејзиниот свршеник минувал многу време во теретана: „Кога пријателката ми покажа фотографија на еден сајт, веднаш ми се слоши“

Една млада жена одеднаш се соочила со шокантна вистина кога открила дека бескрајните тренинзи на нејзиниот вереник во теретана всушност биле параван за неговите сексуални авантури во тројка. Оваа триесетгодишна жена која е во врска девет години, сега се прашува што го натерало на ваков чекор.

– Се започна кога подолгите тренинзи на мојот партнер во теретана станаа крајно сомнителни. И покрај тоа што трошеше часови на вежбање, тој не изгледаше помускулесто, дури губеше мускулна маса. Една пријателка, која е свингерка, проверуваше една страница за свингери и наиде на нешто крајно збунувачки, што сакаше да ми го покаже. Така се соочив со фотографија од голото тело на мојот вереник на екранот на нејзиниот мобилен телефон – ја започнува приказната на оваа жена за која пишуваше и The Sun.

Кога таа го соочила вереникот со доказите, тој конечно признал дека редовно имал тројки со женски пар кој го запознал преку страницата. Тој, исто така, признал дека има виртуелна врска со жена од Италија, вклучително и споделување експлицитни фотографии.

– „Те сакам и сакам да бидам со тебе“, рече тој, оправдувајќи го своето однесување со тоа дека тоа е „само се*с“. Сепак, јас сум преплашена и загрижена што не сум доволна за него. Размислувам за иселување од заедничката куќа, бидејќи не гледам можност за врска без доверба. Тој се извини и рече дека заслужувам подобро, но јасно стави до знаење дека нема намера да се бори за нашата врска или дека во најдобар случај ќе продолжи како порано – објаснила таа.

Советничка за врски смета дека е можно нејзиниот вереник да е зависник од секс.

– Има врски со повеќе партнери и не покажува каење за болката што ви ја предизвикува. Би било многу неразумно да се продолжи оваа врска, а камоли да се омажи за овој човек, освен ако тој не се обврзе да ги разбере и исправи сите негови предавства. Вашиот вереник можеби ќе треба да побара помош за неговата зависност. Ако тој не е подготвен на овој чекор, ставете се на прво место. Без разлика на вашата одлука, направете скрининг за сексуално преносливи болести.