Технологија

Вештачката интелигенција го учи “јазикот на туморот” и станува се подобра во препознавање тумор во рана фаза

Алгоритмот правилно ги проценил шансите за преживување 72 проценти од времето, а патолозите ја извршиле истата задача со 64 проценти точност.

Како што пренесуваат медиумите, компјутерскиот систем кој користи вештачка интелигенција за да го научи „јазикот на туморите“ може да помогне за побрзо дијагностицирање на болеста, велат експертите.

Системот може со висока прецизност да открие знаци на болест во биолошките примероци и да го предвиди исходот од третманот. Патолозите во моментов ја вршат оваа работа со анализа на примероци од ткиво од пациенти со рак под микроскоп.

Анализата на компјутерскиот систем за видот на туморот и фазата на болеста им помага на лекарите да проценат каква терапија му е потребна на пациентот и какви се неговите шанси за излекување. Меѓународен тим од експерти за вештачка интелигенција и тумор, предводен од експерти од универзитетите во Глазгов и Њујорк, разви нов систем наречен хистоморфолошки фенотип учење (HPL).

Јан Бегер, експерт за вештачка интелигенција, истакнува: Вештачката интелигенција во здравството нема да го замени човечкиот допир, но ќе ја подобри дијагнозата и третманот. Основата беа илјадници слики со висока резолуција на аденокарцином на белите дробови кај 452 пациенти од базата на податоци на американскиот Национален институт за туморски геном. Тие исто така користеа дополнителни информации за прогресијата на болеста.

Алгоритмот правилно ги проценил шансите за преживување 72 проценти од времето, а патолозите ја извршиле истата задача со 64 проценти точност. Слични односи беа постигнати при анализа на десет други видови тумори, покажа студијата.