ВестиПопуларно

На „старата Европа“ и дојде крајот, моќта се префрла на нејзиниот исток: Некогаш најслабите алки во НАТО ќе ја заземат лидерската позиција

На „старата Европа“ и дојде крајот, сега има „нова Европа“. Имено, источното крило на НАТО се подготвува за потенцијален руски напад и презема лидерска позиција во трансатлантската безбедносна алијанса.

„Пред повеќе од 20 години, американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, подготвен да ја предводи американската инвазија на Ирак поради гласните француски и германски приговори, го отфрли тој повик како некој што доаѓа од „старата Европа“. Тој рече: „Ако денес ја погледнете цела НАТО Европа, центарот на гравитација се движи кон исток“. Не беше во право за Ирак, но беше во право за Европа“ изјави во анализа новинарот на “CNN”, Фарид Закарија.

„Повеќе од кога било досега, политичката моќ и енергијата се движат кон исток кон новата Европа“, рече тој.

Како што изјави историчарот Тимоти Гартон Еш за „”New York Times”“, „гласовите на централнте и источните Европејците се слушаат повеќе и се сфаќаат посериозно во советите на Европа“, го цитира Закарија. Тој изјави дека НАТО „расте и распоредува ресурси на исток“.

„Само погледнете ја Полска“

– Катализатор е, се разбира, воинствениот источноевропски сосед – Русија. Погледнете ја само Полска, која ја зајакна својата одбрана и вети дека ќе потроши многу повеќе од два отсто од БДП што НАТО ги бара. Покрај тоа, нејзиниот претседател предлага распределба од три проценти за сите членки на НАТО. Оваа година Полска ќе потроши околу четири отсто од својот БДП на војската, а планира да ги удвои своите копнени сили на 300.000 војници. Потроши милијарди долари на најсовремено оружје – вели Закарија.

Како што истакна „Economist“, Полска има намера да распореди повеќе тенкови од армиите на Германија, Франција, Британија и Италија заедно. А Полска оди уште подалеку од тоа. Поголемиот дел од оружјето што доаѓа во Украина од Запад доаѓа преку Полска, истакна Закарија, додавајќи дека земјата им доделила статус на привремена заштита на речиси милион украински бегалци, што е повеќе од која било европска земја освен Германија.

„За источна Европа конфликтот со Русија е егзистенцијален“, вели Закарија.

„Источна Европа никогаш не била побезбедна“

Но, како што забележува „Financial Times“, поради промената на фокусот на континентот, „Источна Европа никогаш не била побезбедна“. Во таа смисла, Закарија укажа на неодамнешните заеднички воени вежби на Литванија и Полска во близина на коридорот Сувалки. Тоа е копно долго околу 100 километри од Белорусија до руската енклава Калининград, сместена помеѓу Полска и Литванија. Коридорот историски е слабост на балтичките земји – Естонија, Литванија и Латвија. Ако го земе Русија, ќе ги отсече тие три поранешни советски земји од остатокот од НАТО. Според “CNN”, оваа опасност е намалена кога НАТО се прошири во Шведска и Финска, кои практично го претворија Балтичкото Море во „Езеро на НАТО“.

Трите балтички земји сега имаат поморски граници со земјите на НАТО и коридорот Сувалки веќе не е фатална слабост, вели Закарија. Покрај тоа, балтичките земји – традиционално најранливите во алијансата – дејствуваат поактивно поради руската инвазија на Украина, рече тој.

Трите балтички земји се договорија во јануари да изградат стотици бетонски бункери на нивните граници со Русија и Белорусија.

Според „Financial Times“, историски планот на НАТО за балтичките земји во случај на руска инвазија бил да го дозволи тоа, пред конфронтација со Русија неколку месеци подоцна. Сега стратегијата е да се бранат тие земји од првиот метар земја, со тоа што на прво место ќе се одврати Русија од напад. “CNN” потсетува дека во 2017 година НАТО испрати баталјони во три балтички земји, секоја со илјада војници. Сега тие бројки ги зголемува три до пет пати, рече Закарија.

„Старата Европа“ ги негуваше врските со Русија, „новата“ не може да си го дозволи тоа

Според мапата што ја објави „Politico“ за одбранбените распределби на земјите од НАТО минатата година, може да се види дека земјите поблиску до Русија посветиле поголем дел од својот БДП на одбраната.

„Старата Европа – Франција, Германија, Италија и Шпанија, хронично недоволно ги финансираат своите армии, во споредба со тоа“ рече Закарија.

Можеби Шведска е најдобриот пример за тоа како руската инвазија го смени фокусот во Европа, рече тој. Војната ја принуди да се откаже од својата 200-годишна неутралност и да влезе во НАТО. Минатиот септември, пред официјално да влезе во НАТО овој март, Шведска најави зголемување на воените трошоци за 28 отсто за 2024 година, додавајќи дека земјата се соочува со најсериозна безбедносна ситуација од крајот на Втората светска војна, рече Закарија.

„Стара Европа негуваше трговски и дипломатски врски со Русија и виде дека тоа не доведе до ништо со руската инвазија на Украина. „Новата Европа“ не може да си дозволи таков оптимизам. Сега најранливите земји во НАТО, сите оние кои се најблиску до Русија, почнаа да преземаат водечка улога во блокот. Тоа може да ја промени природата на европската одбрана и надворешна политика со децении – заклучи тој.