ПопуларноТехнологија

Чудни игри на судбината: Мајка му го фрлила во контејнер како бебе, а сега е милионер! Во ѓубрето нашол компјутер кој го збогатил

„Има една стара поговорка: Ѓубрето на еден човек е богатство на друг“, вели Фреди, кого мајка му како бебе го фрлила во контејнер.

Фреди Фигерс го добил својот прв компјутер на деветгодишна возраст. Бил стар и не функционирал, но бил почеток на „љубовната врска“ со технологијата што го претвори во пронаоѓач, претприемач и милионер во телекомуникациите – иднина што малкумина можеа да ја предвидат со оглед на неговото тешко детство.

„Не дозволувај твоите околности да дефинираат кој си“

Само еден совет што 31-годишниот претприемач Фреди Фигерс сака да им го пренесе на другите е да не дозволат околностите во животот да ги дефинираат. Кога имал осум години, го прашал својот татко Нејтан за неговото детство, а одговорот бил шокантен. „Тој рече: „Слушај, ова ќе биде тешко Фред. Твојата биолошка мајка, таа те фрли како бебе во контејнер. Јас и Бети не сакавме да те пратиме во згрижување и те посвоивме и ти оттогаш си наш син“.

Фреди бил пронајден како новороденче покрај контејнер во рурална Флорида. „Кога ми го кажа тоа, бев како „Во ред, јас сум ѓубре“ и се чувствував непосакувано.

Нејтан Фигерс бил работник за одржување и мајстор, а Бети Меј Фигерс, работничка на фарма. Тие живееле во Квинси, рурална заедница од околу 8.000 луѓе во Северна Флорида и биле во нивните 50-ти кога Фреди се родил во 1989 година. Тие веќе згрижувале многу деца, но решиле да го примат Фреди кога имал два дена и да го посвојат како свој син. Фреди вели дека му ја дале сета љубов што можел да ја посака – но другите деца биле брутални и лоши кон него.

„Децата ме малтретираа и ми викаа: „Напуштено бебе“, „Момче од ѓубре“, „Никој не те сака“, „Ти си валкан“, вели тој. „Се сеќавам на денот кога се симнував од училишниот автобус и децата доаѓаа зад мене, ме фаќаа и ме фрлаа во корпата за отпадоци. Поради тоа, татко ми често ме чекаше на автобуската станица за да ме носи до дома, но децата му се потсмеваа“, се сеќава Фреди.

Што се однесува до Фреди, Нејтан и Бети Меј биле херои и одлични модели. „Го видов татко ми како секогаш им помага на луѓето, застанува покрај патот за да им помогне на странците, ги храни бездомниците“, вели тој. „Тој е неверојатен човек. Тоа е човекот на кој сакам да се огледам и да бидам како.“

За време на викендите, Фреди и Нејтан се возеле наоколу барајќи работи во контејнерите. Тие барале корисни работи што ги фрлиле сопствениците, а особено Фреди фрлил око на еден компјутер што не работи. „Постои една стара поговорка: „Ѓубрето на еден човек е богатство на друг“, вели Фреди, додавајќи: „Отсекогаш сум бил фасциниран од компјутерите. Отсекогаш сум сакал компјутер, но не можевме да си дозволиме во тоа време. Конечно, еден ден кога Фреди имал девет години, отишле во продавница за половни машини, каде наишле на расипан компјутер. Фреди го купил за 24 долари и бил, како што вели „воодушевен“.

Расипаниот “Mac” станал центар на неговото внимание. „Кога го донесов дома и не можепе да се пушти“, вели Фреди. „Додека гледав во него, видов скршени кондензатори. Имав пиштоли за лемење, радија и будилници, па зедов делови од радиото со будилник на татко ми и ги залемив на таблата. По околу 50 обиди, вели тој, компјутерот конечно се вклучил – и токму во овој момент, вели Фреди, знаел дека сака да го помине својот живот работејќи со технологијата.

Имал 12 години кога другите ги забележале неговите вештини. По училиште, додека другите деца си играле на игралиштето, Фреди почнал да ги поправа расипаните компјутери во компјутерската лабораторија на училиштето. Кога директорката на училиштето го видела Фреди како поправа расипани компјутери, таа го замолила да дојде кај неа со неговите родители.

„Кога стигнавме таму, таа ми покажа еден куп компјутери, можеби 100 од нив наредени, и ми рече: „Ми треба некој да ги поправи овие компјутери“.

Оттогаш, Фреди секој ден после училиште поминувал време поправајќи еден куп компјутери, за 9 евра на час. Неколку години подоцна, се појави можноста за кодирање. На една фирма и требал систем за проверка на мерачите на притисокот на водата во градот, а компанијата понуди 600.000 долари за развој на компјутерска програма.

Му препорачале на Фреди да го направи тоа, и како што рекол, го направил, но не добил 600.000 долари, ја добил својата редовна плата и си отишол дома. Тоа била клучна пресвртница во животот на Фреди. Решил да започне сопствен бизнис со компјутери. Почнал сериозно да заработува и денес е еден од најдобрите во својот бизнис. За еден уред за следење на луѓето со Алцхајмерова болест, тој заработил 2,2 милиони долари.