Селебрити

39 години помладата девојка на Лазар Ристовски се соблече во костим за капење и го покажа своите облини

Актерката Аница Лазиќ (32) која е во врска со 39 години постариот актер Лазар Ристовски (71), не престанува да ја интригира јавноста. Нивната врска со старосна разлика од речиси четири децении продолжува да привлекува внимание, а неодамнешните фотографии кои Аница ги сподели на социјалните мрежи уште повеќе го поттикнаа интересот на јавноста.

Аница Лазиќ привлече големо внимание со својата емотивна врска со легендарниот српски актер, но и со својот изглед со кој често се фали на социјалните мрежи.

Аница во последно време е многу активна на мрежите, а сега објави фотографии во минијатурен костим за капење и ги покажа своите облини.

Имено, Аница прво позирала во костим за капење врз кој облекла наметка за плажа, а потоа се фотографирала и на лежалка.

Носела минијатурно бикини, нејзините гради биле во преден план, а насмевката не ја симнувала од лицето.

Серијата фотографии ги нарекла – Јунски весник.

Да потсетиме, Аница на мрежите истакнува многу работи кои ја фасцинираат кај Лазар.

„Лазар (што значи: „Бог помага“). Се верува дека маж со ова име бил испратен од Бога да помогне на Земјата. Јас знам дека е така“, напишала таа неодамна на социјалните мрежи, па директно му се обратила на Ристовски:

„Ти си победникот. Добротворец. Нашиот најголем уметник. Вечниот творец кој го сака животот и затоа животот те сака тебе. Заштитник. Оптимист. Патриот. Смел и храбар. Голем пријател. Човек со широка свест и добро срце“.