ВестиПопуларно

Цело семејство пронајдено мртво во дворот покрај базен на надувување: Соседот е во шок, позната е причината за трагедијата

Тричлено семејство е пронајдено мртво во нивниот двор во Романија, покрај базен на надувување.

Телата на таткото (76), мајката (74) и синот (46) ги пронашол сосед кој веднаш повикал полиција.

По доаѓањето на местото на настанот, инспекторите затекнале шокантна глетка. Сите починати биле облечени во костими за капење, а не се знае колку долго лежеле мртви, пишува protv.ro.

Првите податоци од истрагата покажуваат дека семејството починало најверојатно од струен удар, поради импровизација околу базенот.

Полицијата добила повик на 18 јуни околу 22 часот.

Телата се испратени на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.