Селебрити

Знаете ли чиј син е ова? Познатиот актер го посвоил, а не разговараат веќе 20 години: „Изгубен е…“

Познатиот актер уште во 2005 година изјави дека му било тешко бидејќи го прекинал контактот со синот Кристофер.

Кристофер Броснан (51), синот на познатиот „Џејмс Бонд“ Пирс Броснан (71), ретко се појавува во јавноста, особено откако татко му ја прекинал секаква комуникација со него пред речиси 20 години. Фотографите сега го фатија како излегува од продавница во Лондон. Беше облечен многу лежерно, а во рацете носеше торба полна со намирници.

Кристофер е биолошки син на првата сопруга на Пирс, Касандра Харис и нејзиниот поранешен сопруг Дермот Харис. Кога Дермот починал во 1986 година, Пирс ги посвои Кристофер и неговата сестра Шарлот. Познатиот актер и неговата прва сопруга го имаат и синот Шон (40). Со Кили Шеј Броснан, со која и денес е во брак, има два сина – Дилан (27) и Парис (23).

Според “Page Six”, актерот не разговарал со Кристофер речиси 20 години, поради неговата зависност од дрога.

– Сè уште е многу изгубен. Шокантно, всушност. Знам каде е, но многу му е тешко – изјави Пирс за Плејбој во 2005 година.

– Можам само да се надевам дека ќе закрепне. Тој ги „тестираше“ сите во ова семејство, но никој повеќе од себе. Знае како да се извлече од тоа, но не сака – додаде тој. Потоа спомна дека сето тоа му било многу болно и дека не сакал да го оттргне од себе, туку едноставно морал да го направи тоа.

Сепак, актерот го вклучи својот син во порака за Денот на таткото во 2022 година.

– Ве сакам засекогаш, моите синови, Парис, Дилан, Шон и Кристофер – напиша актерот покрај фотографија на која е со синовите, но Кристофер не позираше со нив …