ПопуларноСпорт

Лука Дончиќ со рекордна вечер во мечот против Атланта

Неодамна Џоел Ембид го стресе кошаркарскиот свет кога постигна 70 поени во еден меч. Го засени дури и Карл-Ентони Таунс кој во истата вечер постигна 62 поени.

Епа радоста на Ембид не траеше долго дека дојде време тој да биде Засенет. Словенецот Лука Дончиќ на мечот против Атланта имаше неверојатни 73 поени. Највеќе во својата кариера, највеќе во историјата на Далас Маверикс, и четврто место во историја позади 100те поени на Вилт Чемберлен и 81 поен на Коби Брајант. Третото место повторно го држи Чемберлен со 78, па потоа е Лука Дончиќ со неговите 73.

Лука ја постираше оваа слика на социјалните мрежи по рушењето на рекордот.

Џош Грин, еден од соиграчите на Дончиќ беше тотално шокиран од тоа што го посведочил. “Не сум видел вакво нешто во мојот живот. Како да бев во натпревар кој се игра на плејстејшн. Кој и да го контролираше џојстикот на Дончиќ заврши работа. А да бидам искрено не сум видел ни на плејстејшн некој да изигра вака и да даде 73 поени”

Во моментов, американските медиуми и не го земаат во обзир Дончиќ за кандидат за МВП но после ова страшно покажување, не гледам кај ке бегаат..

Снимки од рекордниот натпреварот: