ВестиПопуларно

Тинејџерки се снимиле како вадат починат од гроб: Сцената ја згрози државата, а можете да слушнете зошто се смеат

„Полицијата за помалку од еден час ги пронајде малолетниците инволвирани во ова дело“, било соопштено.

Три неименувани тинејџерки ја шокираа нацијата откако се снимаа како ги извлекуваат посмртните останки на починатиот од гробот.

Морбидната приказна е снимена во градот Пиракуа на југот на Бразил, а полицијата брзо реагирала кога видеото се појавило на мрежите.

Под превезот на ноќта, девојките пристигнале на локалните гробишта Саграда Фамилија.

Цело време се смееле и се шегувале на сметка на облеката на покојникот, пренесува Daily Star.

„Видете, бил погребан во костум. Да не бил на свадба“, рекла една.

„Сакав да најдам некој ваков. Навистина е кул“, рекла друга.

Видеото е објавено на интернет, а потоа полицијата започнала истрага. Веднаш биле идентификувани две тинејџерки на возраст од 14 и 17 години и бил остварен контакт со нивните родители.

„За помалку од еден час властите ги пронајдоа тинејџерите кои беа вмешани во ова злосторство. Продолжуваме со истрагата за расветлување на фактите“, соопштено е.

Полицијата сака да разјасни кога се случил грозоморниот настан и кој е мотивот на малолетниците да направат такво нешто.