ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Од одмаздничкиот ритуал на ова племе ќе ве фати страв! Мора да го изедат починатиот!

Племето, наводно, верувало дека смртните случаи биле предизвикани од „хахуа“ или демони во човечки облик

Јадењето незакопани трупови, употребата на черепи наместо прибор за јадење и гозбата со човечко месо се дел од ритуалите на многу племиња.

Таквите племиња често населуваат делови од светот кои останале претежно недопрени од модерната цивилизација и на тој начин се заштитени од надворешни влијанија.

Како резултат на тоа, нивните начини и традиции можат да датираат илјадници години – и се толку одвоени од нашите, што изгледаат речиси туѓо.

Можеби поради оваа причина, и научниците и истражувачите долго време се фасцинирани од оддалечените племиња на светот, а особено се издвојува племето Короваи.

Племето Короваи потекнува од Папуа Нова Гвинеја. Нивното население брои околу 4.000 членови, а модерната цивилизација не беше свесна за нивното постоење до 1970-тите.

Како живеат?

Повеќето од племето Короваи живеат во куќички на дрвја на нивната изолирана шумска територија, но некои се преселиле во селата од 1980-тите. Уште кога беа откриени, се шпекулира дека се племе на канибали кои живеат во куќи на дрвја.

Короваите немаат пристап до многу современи лекови, а болестите се лекуваат со лековити билки, па стапката на смртност е обично многу висока.

Канибали

Немајќи релевантно научно знаење, племето наводно верувало дека смртта била предизвикана од „кахуа“ или демони кои добиваат човечки облик.

Некои велат дека сите убиени од „демонот“ биле изедени од преостанатите членови на племето, необичен одмазднички ритуал за заштита на остатокот од народот Короваи, иако тоа сè уште не е научно докажано.

Сведоштва

Првиот што ја започна оваа приказна беше австралискиот новинар Пол Рафаел, човек од модерна цивилизација, кој се инфилтрирал во кланот Летин – огранок на племето Короваи. Потоа изјавил дека бил сведок како некои негови членови јадат човечко месо.

За Короваите, ако некој падне од куќа на дрво или умре во битка, причината за нивната смрт е сосема очигледна.

„Тие не го разбираат постоењето на микроби и бактерии (со кои се полни дождовните шуми), па кога некој мистериозно ќе умре (од болест), тие веруваат дека тоа е поради кахуа, вештерка што доаѓа од подземниот свет“, изјави тој на Vice пред 10 години.

Како што објасни тој, зборот е митско суштество кое го јаде човечкото тело одвнатре, а по правило тоа е маж.

Новинарот рече дека племето „готви сè во рерна направена од лисја и камења. Тие го третираат човечкото како свинско месо.

„Одделно ги сечат нозете и ги завиткуваат во листови банана. Ја отсекуваат главата и таа оди кај тој што ја нашол“, рекол тој.