ПопуларноТехнологија

[ФОТО] Морничаво: Дали методата за рехабилитација од “Пеколен портокал” станува реалност?

Научник откри концепт за затвор на иднината за кој тврди дека може да го забрза ослободувањето на криминалецот на минути, наместо со години или децении.

Наречен “Cognify”, дизајнот ќе имплантира синтетички спомени од злосторството на една личност во нивниот мозок, но ќе ја покаже перспективата на нивната жртва.

Системот би можел да вклучи уред сличен на VR (виртуелна реалност) кој прикажува снимки од прекршокот генерирани од вештачка интелигенција, заедно со мозочен имплант кој предизвикува емоционални состојби како што се каење или жалење – чувства кои некои поединци можеби не ги создаваат сами.

Концептот, развиен од Хашем Ал-Гаили, ќе ги обезбеди долгорочните ефекти од тераписката сесија со тоа што ќе ги направи спомените трајни.

Ал Гаили гледа во иднината со затвор за кој тврди дека ќе им помогне на криминалците да учат од своето минато.

„Cognify” еден ден би можел да создаде и вгради вештачки спомени директно во мозокот на затворениците, се вели во наративното видео.

„Овие сложени, живописни спомени се создаваат во реално време со помош на содржина генерирана од вештачка интелигенција. Додека рехабилитацијата би траела неколку минути, на криминалецот би му изгледала како години. Во умот на криминалецот времето би минувало поинаку отколку во реалниот живот“, вели Ал Гаили.

Во зависност од тежината на кривичното дело и казната на субјектот, сеќавањата може да се прилагодат на потребите за рехабилитација на секој субјект.

Затворениците се подложуваат на скенирање на мозокот со висока резолуција што создава детална мапа на нивните нервни патишта. Мапата му овозможува на уредот Cognify да таргетира одредени региони на мозокот одговорни за меморија, расудување и логично размислување, пишува Daily Mail.

Инспирација во филмот „Пеколен портокал“

За потсетување, Стенли Кјубрик го режираше филмот „Пеколен портокал“ во 1971 година според истоимениот роман на Ентони Берџес.

Филмот содржи вознемирувачки, насилни слики кои ја нагласуваат психијатријата, малолетничката деликвенција и други социјални, политички и економски ситуации во дистописката идна Британија.

Еден од методите за рехабилитација на главниот лик е гледањето вознемирувачки видеа од насилство, што донекаде потсетува на новата, спомената идеја.