Забава

„Ова е страшно и очајно, зошто воопшто се доближила до фотографот?! Мајка се појавила на свадбата на својата ќерка во бикини, а еве што облекла над тоа ! Сепак, најбизарна е реакцијата на невеста

Повеќето мајки никогаш не би се потрудиле да ја засенат својата ќерка, особено не на денот на нејзината венчавка, сепак, оваа дама одлучила да се облече во шокантна облека на денот кога го омажила своето дете.

Многумина знаат едно правило кога се во прашање свадбите – не смеете да ја засените невестата.

Меѓутоа, мајката на една невеста остави многумина во шок кога на свадбата на својата ќерка се појави во проѕирен фустан само со бикини одоздола.

И додека оваа облека предизвика доста контроверзии, невестата беше вознемирена и од друга опција што нејзината мајка ја разгледуваше. Наводно, мајката планирала да облече бел фустан, но нејзината ќерка ја замолила да не го прави тоа. Сепак, многумина биле шокирани од проѕирната облека, за која некои рекоа дека наликува на „евтина ноќница од полиестер“.

„Толку е грубо да се носи долна облека на свадба“, коментира едно лице.

Друг додал: „Не би ѝ дозволил да се доближи до фотографот. Тоа е лудост“.

Трет напишал: „Оваа облека не е погодна за свадба“.

Сепак, имаше и такви кои сметаа дека мајката изгледа исклучително добро.

„Ако имате нешто да покажете, покажете го“, „Ох, таа изгледа толку жешко и има 57 години?“, напишале тие.

Некои велат дека би биле бесни доколку се на местото на невестата поради ваквиот избор на облека.

„Би збеснала да сум невеста“, „Зошто би носела бикини на свадба? Не си на плажа, ти си мајка на невестата“, коментирале тие.

Меѓутоа, ќерката не се вознемирила премногу поради облеката на мајка си и јавно и се заблагодарила. Сите изгледаа расположени и насмеани на фотографиите додека го одбележаа посебниот ден.